Во канцеларија ќе доаѓаат само во вторник и четврток

54

Норвешкиот суверен фонд на богатство, вреден 1,3 билиони долари, ќе побара од вработените на работните места да доаѓаат само во вторник и четврток кога пандемијата ќе заврши, изјави главниот извршен директор на фондот, Никола Танген.

Централната банка на Норвешка, којашто управува со фондот, ќе понуди флексибилни услови за работа на своите 520 вработени во Осло, Лондон, Сингапур, Шангај, Токио и Луксембург, пренесува Ројтерс.

“Размислуваме по пандемијата на вработените да им дозволиме два дена неделно да работат од дома и два фиксни денови во канцеларија поради состаноци“, рекол Танген, додавајќи тоа е нивниот модел за привлекување и задржување на талентирани кадри.

Оваа политика ќе важи и за сите вработени во централната банка на Норвешка.

“Мора да понудите флексибилност на поинаков начин. Едноставно неприфатливо е да барате луѓето постојано да бидат во канцеларија. Мислам дека тоа покажува дека не им верувате на луѓето“, рекол Танген за Ројтерс.

Фото: Pexels