Во Кичево претставен проект за подобрување на енергетската ефикасност

47

Во Кичево беше претставен проектот за подобрување на енергетската ефикасност, како и користењето на обновливи извори на енергија во меѓуграничните региони, финансиран од ЕУ во рамки на ИПА-програмата.
Целта на оваа програма е промоција на развојот на меѓуграничните зони со посебен акцент во енергетиката, економскиот развој, социјалата и животната средина.
Како специфични цели се посочени подобрувањето на животната средина, намалувањето на загаденоста во меѓуграничниот регион, како и одбрана на природните ресурси.
Претседателот на граѓанската асоцијација МАЦЕФ, Јасминка Димитрова, посочи дека предавањето е во доменот на енергетската ефикасност, потоа во системот за ладење и топлење, климатизацијата, како и имплементација на обновливите извори на енергија.
Како партнер на овој проект е југозападниот регион, кој е вклучен во реализација на програмата. Директорот за развој на југозападниот регион Маријана Лозаноска информира дека ова административно тело опфаќа 9 општини, меѓу кои и општина Кичево. Оваа програма предвидува заеднички студии во меѓуграничните зони за одбрана и валоризација на природните ресурси во регионот.