Во која индустрија просечната нето плата е 63.870, а во која 13.703 денари?

82

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во август е 25.127 денари, според податоците на Државниот завод за статистика.

Програмерите и понатаму се најплатени меѓу вработените во земјава. Нето плата во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности во август е 63.870 денари.

Меѓу петте дејности со највисока просечна исплатена нето плата во август се: информации и комуникации (46.384 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (44.362 денари), финансиско – услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови (43.023 денари) и воздухопловен транспорт (41.337 денари).

Од друга страна пак, најниската просечна исплатена нето плата е во секторот заштитни и истражни дејности од 13.703 денари. Меѓу оние дејности во коишто нето платата е под просекот за август се и овие три: производство на кожа и слични производи од кожа (15.178 денари), рибарство и аквакултура (15.430 денари) и услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата (15.614 денари).

Фото: Pixabay