Во која општина има најмногу микро, мали и средни компании?

106

Скопски Центар е општина со најмногу микро, мали и средни компании во земјава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Меѓу петте општини со најголем број на ваков вид на компании се и: Карпош, Битола, Аеродром и Тетово. Инаку, повеќе од 50% од вкупниот број на микро, мали и средни претпријатија во Македонија се лоцирани во 10 општини, а во град Скопје 36,8%.

Податоците покажуваат дека 30,5% од малите и средни бизнис во Македонија се од дејноста Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли; 11% се во Преработувачката индустрија; 10,1% се во Стручни, научни и технички дејности; 7,9% се во Други услужни дејности; 7,6% во Транспорт и складирање и 7% во Градежништво.

Анализирано по региони, најголема концентрација на мали и средни бизниси има во Скопскиот регион (39%). Потоа следуваат: Полошкиот (11,4%), Пелагониски (11%), Југозападен (9,9%)…

Статистика, исто така, нотира дека кај малите и средни претпријатија во трговијата на мало, по почетниот зголемен промет во јануари оваа година, во следните три месеци е забележан пад на прометот.

Фото: Freepik