Во Македонија имало 70.424 активни фирми во 2021 година

59

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на активните претпријатија во Република Северна Македонија, во 2021 година, изнесува 70. 424.

Податоците за структурата на активните претпријатија по сектори на дејност покажуваат дека во 2021 година најголемо учество има секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 31.1 %.

Податоците за структурата на активните претпријатија според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82.5 % имаат претпријатијата со 1 до 9 вработени. Потоа следат претпријатијата без вработени или со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 7.3 %, па претпријатијата со 10 до 19 вработени со 4.6 %, потоа со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3.1 %, со 2.1 % учествуваат претпријатијата со 50 до 249 вработени и само 0.3 % од активните претпријатија имаат над 250 вработени.