Во Македонија лани биле активни 68 радија и 58 телевизии

21

03EC654E4081D746BFED380FA35B2E86Според Државниот завод за статистика, на територијата на Република Македонија во 2012 година биле евидентирани вкупно 126 радиодифузери, од кои 68 емитуваат радиопрограма, а 58 телевизиска програма.

Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 64 се трговски радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи.

Јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма, емитувало вкупно 37.435 часа, од кои најголем дел или 62,5% се музичка програма.

Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радиопрограма, емитувале вкупно 478.885 часа радиопрограма, од кои најголем дел или 60,7% се, исто така, музичка програма.

Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 57 се трговски радиодифузни друштва.

Јавното радиодифузно претпријатија кое емитувало телевизиска програма, емитувало вкупно 21.357 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 13,9% се играна програма.

Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма, емитувале вкупно 441.225 часа телевизиска програма од која најголем дел или 25,1% се играна програма.