Во модерно ропство живеат 40 милиони луѓе

110

Се проценува дека повеќе од 40 милиони луѓе во светот живеат во модерно ропство, што вклучува приближно 25 милиони луѓе на принудна работа и 15,4 милиони во принудни бракови, соопшти Меѓународната организација на трудот по повод Меѓународниот ден против ропството.

Тоа значи дека на секои 1.000 луѓе во светот има 5,4 жртви на модерно ропство, при што секоја четврта жртва на модерното ропство е дете.

Од 25 милиони луѓе заробени во принудна работа, повеќе од 16 милиони се експлоатирани во приватниот сектор, како што се домашна работа, градежништво или земјоделство.