Во оваа компанија месечната плата е 11.000 долари, а факултетска диплома не се бара

103

За многу позиции на почетно ниво во компанијата Microsoft, не се бара кандидатите да имаат факултетска диплома, туку ги поттикнува да се пријават сите кои мислат дека добро ќе се вклопат. Платите за повеќето такви позиции се движат од 60.000 до 130.000 долари годишно.

Одговорните лица во Microsoft велат дека ваквата пракса им овозможува да дојдат до широка база на таленти и да изградат разновидна работна сила во компанијата.

“Ако имате исти луѓе кои имаат ист степен на образование, иста професионална позадина и сè останато, тие нема да може да ги решат сите наши проблеми. Ако имате луѓе кои доаѓаат со различни позадини, тие навистина можат поинаку да размислуваат“, изјави потпретседателката на Microsoft, Ен Џонсон.

Фото: Pixabay