Во овие седум земји високото образование е бесплатно

14

Од 36 развиени земји опфатени во анализата на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), само во девет високото образование не се плаќа.

Во нив се субвенционираат школарини за јавни колеџи и Универзитети, се даваат дополнителни стипендии и се обезбедува сè што е потребно од државата за квалитетно, високо образование на студентите.

Согласно тоа, процентот на запишани млади луѓе на факултет е прилично висок, пишува Business Insider.

Еве во кои седум земји високото образование не се плаќа:

Шведска

Процент на млади што се запишуваат на факултет – 68%.

Данска

Процент на млади што се запишуваат на факултет – 55%.

Финска

Процент на млади што одат на факултет – 69%.

Ирска

Процент на млади што се запишуваат на факултет – 51%.

Исланд

Процент на млади што одат на факултет – 77%.

Норвешка

Процент на млади што се запишуваат на факултет – 77%.

Чешка

Процент на млади што одат на факултет – 59%.

Фото: Pixabay