Во овие земји има најмногу банкомати по глава жител

31

Банкоматите претставуваат алатка со којашто клиентите на банките имаат пристап до готовина од својата сметка. Некои нудат и други поволности, но во основа тоа е главната функција што ја имаат банкоматите поставени на различни локации.

Според податоците, во Макао, којшто е административен регион на Кина, има најмногу банкомати по глава жител. Па така, на 100.000 возрасни жители има 313 банкомати. Втора е Канада со 227,82 банкомати на 100.000 жители, додека Сан Марино е на трето место со 182 банкомати.

Меѓу 10-те земји во светот што имаат најмногу банкомати по глава жител се и: Португалија (168), Русија (163), Австралија (162), Хрватска (140), Велика Британија (128), Јапонија (127) и Аруба (124).

Во Македонија минатата година имало 59,85 банкомати на 100.000 возрасни граѓани, што претставува зголемување во однос на 2017 година, кога имало 59,44 банкомати.

Фото: Pixabay