Во овој град има само еден банкомат, а го користат 8.000 луѓе

28

Градот Амптхил во Велика Британија има вековна историја, активен пазар, а повеќето продавници во овој град работат самостојно.

Сепак, овој град нема банка. Прашањето е дали Амптхил е “зависен од готовина“ или е подготвен да стане таканаречено бесконтактно општество.

Во градот до неодамна работеа две банки. Потоа, остана една, а потоа ниту една. Во моментов, има само еден банкомат што го користат дури 8.000 граѓани.

Градот стана една од осумте локации во Англија што ќе учествува во иницијативата Cash Pilot за подобрување на пристапот до парични средства, пренесува BBC.

Недостатокот на банкомати е голем проблем за жителите на овој град.

Езекел Гомез Гибсон, менаџер на продавница за вина вели дека голем број луѓе зборат за овој проблем.

“Разбирам дека многу луѓе користат бесконтактни начини на плаќање, но голем број на граѓани сè уште користат готовина. Околу 20 % од нашите клиенти користат пари“, вели тој.

Брендон Вилсон (20) вели дека користењето готовина му помага да заштеди и му помага да не троши повеќе од потребното.

Иако владините упатства за продавници официјално не препорачуваат плаќање само со картичка, тие ја споменуваат користа од бесконтактните трансакции за намалување на ризикот од пренесување на коронавирус.

Клер Вудленд, сопственик на ресторан во овој град, вели дека пред пандемијата, половина од клиентите плаќале во готово. Сепак, во првата недела по укинувањето на карантинот, само 5% од луѓето користеле готовина.

Најблиската банка е во Флитвик, која е оддалечена три километри.

Фото: Pixabay