Во паника купуваат вино, маслинки, чипс и чоколадо

103

Шпанија, заедно со Италија, се сметаат за жаришта во Европа на коронавирусот. Вообичаено е луѓето во тек на криза да сакаат да создаваат залихи од храна, средства за дезинфекција или тоалетна хартија. Сепак, Шпанците, како што јавуваат тамошните медиуми, во паника купуваат вино, пиво, маслинки, чипс и чоколадо.

Откако земјата е во своевидна изолација, Шпанците купувале 80% повеќе пиво, 60% повеќе вино, а за 94% е зголемена побарувачката за маслинки. Над 75% раст бележи и продажбата на чипс, чоколади и сладолед.

Тамошните медиуми велат дека жителите на Шпанија се познати по тоа што се дружат по кафулиња и барови, а сега си прават мини кафулиња во своите домови.

Фото: Pixabay