Во Париз од денеска забрането џогирање преку ден

40

Властите во Париз забранија вежбање надвор во текот на денот со оглед на тоа дека бројот на починати од коронавирусот продолжи да расте, објави BBC. Забраната се однесува на периодот помеѓу 10 часот наутро и 19 часот навечер, а стапува на сила денеска (среда, 8 април).

Забраната за дневно џогирање во Париз следи по сончевиот викенд, откако големи групи на луѓе трчаа и шетаа по градските паркови и покрај полициските контроли и  парични казни.

Градоначалникот на Париз, Ан Идалго и шефот на полицијата изјавија дека луѓето ќе можат да вежбаат кога улиците се најмирни.

Бројот на починати во Париз се искачи над 10.000, што е четврто место по Италија, Шпанија и САД.