Најновите расположливи податоци на (Organisation for Economic Co-operation and Development) Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека најмногу време во пензија поминуваат Французите.
Во просек, француските пензионерки во пензија поминуваат 26,9 години, а пензионерите 22,7 години, што е најмногу меѓу земјите членки на ОЕЦД. Статистиката на ОЕЦД покажува дека поудобен пензионерски живот имаат пензионерките од југот, па така на Франција, со најдолго време поминато во пензија за жени, ѝ се приклучуваат: Шпанија со 26,6 години, Грција со 26,4 и Италија со 25,7 години.
Мажите во сите набљудувани држави имаат пократок пензионерски век од жените, па така мажите од Луксембург во просек поминуваат 22,3 години во пензија, а во Белгија 21,1 години.
За разлика од работниците од споменатите земји, оние од Кореја, Мексико или Чиле не можат да се надеваат на долготрајна пензија. Корејските пензионерки, на пример, имаат десет и пол години пократки пензионерски денови од нивните француски врснички, а само две, три години подолги денови за пензија можат да се надеваат пензионерките во Мексико и Чиле. Постојат слични разлики меѓу мажите. Мексиканските и корејските пензионери имаат пензионерски век помал од 13 години, а бројките не се многу подобри во Чиле, со просек од околу 14,7 години.
Фото: Pixabay