Во сабота се отвора Воениот базен во Аеродром

37

bazen-pexels

Фото: Pexels

Реновираниот Воен базен во Општина Аеродром во сабота ќе почне со работа. Базенот е во ново руво по извршеното реконструирање и санирање на коритото на базенот, реновирање на тоалетите, градење на нов угостителски објект, креирање на ареи за различни таргет групи.

Посетителите ќе имаат можност да избираат од низата содржини кои базенот ќе ги понуди, како летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, аквабик, натпревари во одбојка и тимски игри, необични спортови во вода и постојана анимација за присутните.

Менаџментот на базенот од оваа година реши да стави голем акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе места за седење и одмор, како и креирање на детско игралиште за најмалите.

Базенот ќе биде отворен до крајот на септември, а ќе работи секој ден, со работно време од 08:00 до 01:00 часот.