Во септември издадени 316 одобренија за градење

16

Во септември оваа година се издадени 316 одобренија за градење, што е за 19,7% повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.182.150.000 денари, што е за 6,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 186 или 58,9% се наменети за објекти од високоградба, 50 односно 15,8% за објекти од нискоградба и 80 т.е. 25,3% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 316 објекти, кај 189 (59,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 127 (40,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 376 станови, со вкупна корисна површина од 35.189 метри квадратни.