Во Шпанија лани туристи како во 1969 година

37

Шпанија минатата година ја посетиле само 19 милиони странски туристи, најмалку од 1969 година, покажуваат официјалните податоци.

Во декември се регистрирани 85% помалку посети на туристи во однос на истиот месец во 2019 година, откако властите дополнително ги ограничија патувањата за да се спречи ширење на вирусот.

Туристите во декември лани потрошиле 86,1% помалку пари одошто истиот месец една година претходно. Во текот на целата 2020 година, потрошувачката на туристите се намали за 78,5% на 19,7 милијарди евра.

Туризмот во 2019 година сочинуваше 12% од вредноста на бруто домашниот производ на Шпанија. За 2020 година сè уште нема официјални податоци, но се проценува дека ќе зафати околу четири до 5% од вредноста на БДП.

Шпанија е меѓу земјите во Европа што беа најсилно погодени од пандемијата. Во земјата се регистрирани 2,85 милиони лица, а 59.805 смртни случаи, наведува Ројтерс.

Фото: Freepik