Фото: CERN
Доколку се оди по планот за две години во Србија ќе се изработуваат делови што ќе се вградат во големиот акцелератор на Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН). Како што пренесува Biznis Info станува збор за апсолутно најсложената техника во областа на електрониката и компјутерите што ќе придонесе Србија да стане водечка земја во одредени специјализирани области.
Имено, Институтот за физика во Земун до крајот на 2020 година ќе го направи центарот Верико којшто ќе зафаќа простор од 4.000 квадратни метри и каде во рамките на системот на ЦЕРН ќе се изведуваат најсовремени експерименти од областа на физиката и високата технологија. Односно како што вели директорот на Институтот, овој центар ќе биде пионер во Србија во научно технолошките предизвици од светски ранг. За изгрдабата на Верико се обезбедени 5 милиони евра, а уште толку во форма на опрема ќе донира најголемиот меѓународен научен центар во следните десет одини.
Идејата е да се направи фабрика за генијалци, се вели во соопштението од Институтот, а првата и најголема корист за Србија ќе биде развојот на високата технологија како посебна економска гранка.
Големиот хадронски колајдер (LHC) е најголемиот и најмоќен акцелератор на честички во светот. Тој бил изградена со цел да одговори на некои од најфундаменталните прашања од областа на физиката како и, да им се приближат на луѓето некои од најосновните закони на природата. LHC е изграден под покровителство на Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).