Во Србија пронајдено злато вредно повеќе од милијарда долари

565

Канадската истражувачка фирма Medgold Resources, којашто претходно посочи дека во јужна Србија на границата со Бугарија и Македонија пронашла одлични индикатори дека во тој дел се наоѓаат богати наоѓалишта на благородни метали, сега ги потврди резултатите, пишува Blic.

Тие само на една локација во рамки на проектот наречен Тламино пронашле околу седум милиони тони руда, со околу 680.000 унци, односно 19,3 тони злато, вредни повеќе од милијарда долари, а испитувањето на таа област и натаму продолжува.

Medgold Resources, во рамки на проектот Тламино пронашол и слој руда од околу 400 метри којшто содржи 8,32 грама злато по тон и 193 грама по тон сребро.

Фото: Pexels