Во тек се уписите за претприемачи во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија

27

upisi

Отворена е можноста за членство на претприемачите во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија.

Со учество во проектот, претприемачите и менаџерите, сопственици на микро и мали претпријатија до 50 вработени, стануваат дел од Бизнис клубот на Микро и мали претпријатија на ЦЕЕД Македонија.

Претприемачи, менаџери и сопственици на бизниси од Пелагонија, Вардарски, Полошки, Југоисточен, Источен, Североисточен, Југозападен регион можат да станат дел од Проектот кој го поддржува растот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија преку размена на искуства, советувања, соработка со компании од странство, поддршка при извозот и инвестиции. Основниот критериум за учество е компаниите да имаат потенцијал за раст, извоз и можности за креирање на нови работни места.

Проектот е наменет за перспективни менаџери и претприемачи – сопственици на микро и мали бизниси кои се развојно насочени, со цел да им се овозможи пристап до современи знаења од области кои секој менаџер треба да ги знае, експертиза, дијагностички алатки за компаниите, поддршка при започнување и зголемување на извозот, дијагноза на економското здравје на компаниите, финансиска поддршка и други алатки за успех во бизнисот.

Проектот се спроведува низ три компоненти:

Компонента I – Програма за претприемачи

Компонента II – Услуги за бизнис поддршка

Компонента III – Приватен капитал, Квази капитал и Бизнис ангели

Учеството во Проектот ќе Ви овозможи:

– Членство во Бизнис едукативен клуб;

– Размена на искуства и најдобри пракси од областа на бизнисот;

– Настани за воспоставување на деловни контакти со други претприемачи од Македонија (членови на Бизнис едукативниот клуб), како и со претприемачи од соседните држави;

– Проширување на бизнисот на регионалните и странски пазари;

– Интервенции за подобрување на процесите во компанијата;

– Можност за аплицирање во инвестициски фонд или претставување пред инвеститори – бизнис ангели, за обезбедување на потребниот капитал за раст на компанијата.

Уписите траат до крајот на декември 2015 година.
За дополнителни информации и закажување состанок, контактирајте ги регионалните координатори, кои можете да ги најдете тука.

ЦЕЕД Македонија веќе осма година игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни. ЦЕЕД Македонија е дел од интернационална мрежа на центри за претприемништво, со канцеларии во 13 земји. До сега, преку програмите на Центарот успешно поминале 1.252 претприемачи и менаџери. Повеќе на www.ceed-macedonia.org.