Во Тиват ќе се гради Стар град

110

tivat-stari grad

Компанијата Бока група одлучи да почне со изградба на стар град во Тиват, кој ќе биде прв средновековен стар град на Јадранот во последните неколку векови. Бока група ќе ги гради првиот голф терен со 18 дупки во Црна Гора, а со мастер планот се предвидени и градежни зони, во рамките на кои ќе се гради Тиват Стар Град, пренесуваат црногорските медиуми.

Во Стариот град ќе има понуда на станбени единици од понизок ценовен ранг, наменети за домашниот, црногорски пазар. Луксузните бутици и ресторани ќе бидат претопени со обичните продавници, пекари и други дуќани. Од компанијата велат дека на овој начин Тиват ќе стане своевидна атракција и пример на класичен архитектонски стил, кој со векови е карактеристичен за ова подрачје.

Инвестицијата е со вредност од 450 милиони евра, а со неа ќе се обезбедат околу 1.000 нови работни места.

Бока група неодамна соопшти дека започна со подготовки за изградба на ски – ресорт на Бјеласица. Комплексот наречен Бока ски Колашин 1450 ќе опфаќа пет хотели, осум апартмански згради, 45 станбени единици. Ова ќе биде прв ски – ресорт во Црна Гора, а со работа на терен, според основачот и извршниот директор на компанијата, Џон Кенеди, треба да се почне многу брзо. Ресортот Бока ски Колашин ќе биде изграден во алпски стил, со акцент на традиционалниот црногорски дизајн.