Во Црна Гора ќе важат македонските возачки дозволи

11

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзниниот колега од Црна Гора Рашко Коњевиќ денеска во Подгорица ќе потпишат спогодба за заемно признавање на возачките дозволи на граѓаните од двете земји, јавува Миа.

Црна Гора е втората земја во регионот со која Македонија се договори за заемно признавање на возачките дозволи. Таква спогодба во јули годинава беше потпишана со Србија.