Во Турција е откриено наоѓалиште на злато, чија вредност се проценува на 1,7 милијарди долари

Рударската компанија Ердемир објави дека открила околу 424.000 унци злато во турската покраина Сивас, чија вредност се проценува на 1,7 милијарди долари.

Како што е наведено, станува збор за локација која моментално е класифицирана како „можен извор“ според стандардите на UMREK и JORC, а истражните активности на терен продолжуваат, објавува Хуриет.

Досега, како дел од археолошките и геолошките работи, се испитани околу 45 хектари од вкупно 5.804 хектари од областа каде што е дозволено истражување.

Наоѓалиштето се третира како еден од потенцијално важните домашни извори на злато, бидејќи Турција се стреми да ја намали својата зависност од увоз на скапоцени метали и стратешки суровини.

Бруто пазарната вредност по денешните спотни цени на златото е речиси 1,7 милијарди долари, но ова е теоретска бруто проценка без трошоци.