Во Турција изработени златни и сребрени маски против Ковид-19

80

Заштитните маски станаа секојдневие со пандемијата, па многу модни дизајнери и занаетчии понудија различни производи во Турција. Занаетчија од Истанбул направи златна и сребрена маска за лице по цена од 188 до 2.100 евра, пишува Daily Sabah.

Сабри Демирџи е 43-годишен занаетчија, кој работи со сребро околу 32 години, кој разбрал дека среброто има антибактериски својства, па затоа направил маска од сребро.

Сребрената маска е направена од 999 фино сребро, тежи 20 грама и чини околу 160 евра. Досега Демирџи направи 300 сребрени маски, а планира со повеќе работници да произведува од 150 до 200 маски.

Златната маска, којашто тежи околу 25 грама, чини над 2.110 евра.

Фото: Freepik