Во Велика Британија 28.000 компании би можеле да банкротираат следната година поради високите каматни стапки

18

Околу 28.000 компании во Велика Британија би можеле да банкротираат следната година поради високите каматни стапки и трошоците за задолжување.

Во соопштението на Центарот за економски и деловни истражувања (ЦЕБР), со седиште во Лондон, се наведува дека во вториот квартал од годинава банкротирале вкупно 6.342 компании.

Се додава дека во текот на 2024 година околу 28 илјади компании во земјата би можеле да се соочат со ризик од банкрот.

Во соопштението се наведува дека политиката на Банката на Англија (БОЕ) за зголемување на каматните стапки има негативно влијание врз работата на многу компании, пренесува Анадолија.

– Доколку се одложат големите инвестиции поради високите трошоци за задолжување и компаниите продолжат да банкротираат, тоа секако ќе има конкретни ефекти и врз економијата – додаваат тие.

Според податоците објавени од британската влада во јули, 6.342 компании банкротирале во земјата во вториот квартал од оваа година, што е највисоко ниво од 2009 година.