Во Велика Британија тестови за коронавирус ќе се купуваат во аптека или онлајн

378

Милиони коронавирус тестови кои може да се направат дома за само 15 минути, ќе бидат достапни во следните неколку дена во Велика Британија. Тестовите ќе бидат достапни во аптеките или да се нарачаат преку Аmazon, а тоа ќе им помогне на луѓето кои се во изолација да се вратат на нормален живот.

За појаснување, тоа не се тестовите кои се користат во болниците за да се утврди дали пациентот има Ковид-19, туку тоа се тестови  “антитела“ кои ќе им помогнат на оние на кои не им е потребен болнички третман, но се во изолација поради сомневање или страв од инфекција, а има огромен број на такви. Овие тестови се користат за да се открие дали некој веќе имал коронавирус, и сега дали сега е потенцијално отпорен на него. Тестовите откриваат присуство на две антитела кои се појавуваат за време на болеста во организмот, а резултатите може да се завршат за 15 минути.

Тестовите ќе бидат достапни за домашна достава, а може да се купат во аптеките во Велика Британија.

Се верува дека ваквите тестови можат да му помогнат на здравствениот персонал да открие дали веќе се заразиле, дали изградиле отпорност и дали се безбедни да се вратат на работа или треба да се изолираат. Исто така, може да помогне да се открие колку е распространета болеста.

Фото: Pexels