Во вторите шест месеци од 2013 година, изнадени 48 одобренија за градежни објекти

20

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јули-декември 2013 се издадени 48 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 868.327 денари.
Според издадените одобренија за употреба, 37 или 77,1% од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба, 4 или 8,3% за објекти од нискоградба и 7 или 14,6% за објекти за реконструкција.
Од вкупно 48 објекти, на 32 објекти или 66,7% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 16 објекти односно 33,3% инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е издадена употребна дозвола на 144 станови со вкупна површина од 10.044 метри квадратни.