Во Загреб се гради фабрика за масовно производство на автономни ЕВ

VERNE, хрватска компанија која гради нов екосистем за автономна урбана мобилност, заедно со белгиската компанија VGP, започна со подготовки за изградба на фабрика за масовно производство на автономни електрични возила (EVs) на VERNE. Фабриката ќе биде лоцирана во Загреб,  во рамките на VGP Park Zagreb, на површина од 28.500 метри квадратни, а CBRE посредуваше во трансакцијата помеѓу компаниите VERNE и VGP.

За изградба на самиот објект ќе биде задолжен VGP, водечки европски снабдувач на висококвалитетна логистика и недвижности во лесната индустрија, а ова е прва ваква инвестиција на белгиска компанија во Хрватска.

„За нас е голема чест што придонесовме за еден ваков револуционерен проект. Во рамките на новиот индустриско-деловен парк VGP Park Zagreb, кој се простира на осум хектари, на површина од 28.500 метри квадратни, ќе се изгради производствен капацитет, магацински простор и деловен простор како “built- to-suit” за VERNE . Ова е уште еден проект од серијата слични проекти во кои CBRE е вклучена во последните неколку години, што докажува дека овие видови трансакции стануваат сè поважен дел од пазарот на индустриски недвижности, заедно со закуп на магацински простор“, рече Соња Лончаревиќ, помошник директор во одделот за индустриски и логистички недвижности за регионот на ЈИЕ во CBRE, која ја водеше оваа трансакција.

На овој начин, CBRE ја зацврсти својата доминантна позиција во Југоисточна Европа како лидер во големи трансакции. Минатата година, CBRE беше ексклузивен советник на Орбико Хрватска во врска со изградбата на дистрибутивен центар „“built-to-suit“ во Зденчина со површина од 40.000 квадратни метри во првата фаза од проектот. Во претходната година, CBRE беше и советник во врска со најзначајната приватна инвестиција во Осиек во изминатата деценија, која е поврзана со изградба на производствен капацитет на познат американски производител на електроника. Покрај тоа, CBRE, исто така, посредуваше за закуп на најсовремен дистрибутивен центар за ладилници во Велика Горица, специјално прилагоден на барањата на групацијата HAVI.

„Оваа трансакција е уште еден доказ за тоа како Југоисточна Европа, а особено Хрватска, е оптимална локација за индустриската и логистичката индустрија поради стратешката географска положба во Европа, квалификуваната работна сила, конкурентните оперативни трошоци и постепено растечката економија“, додаде Лончаревиќ.