Во Зинделфинген произведен 500.000-тиот Mercedes С Класа

54

Автомобилот којшто свое деби имаше во 2013 година, достигна 500.000 произведени примероци. На малата церемонија присуствуваа и раководителот на производство во фабриката Мајкл Бауер и претседателот на работничкиот совет Ергун Ламали.

“Во секој од 500.000 примероци на Mercedes С Класа има голем дел од срцето и душата од целиот тим на Зинделфинген. Повеќегодишното искуство и знаење на нашите вработени дадоа голем придонес за овој успех во производството. Многу сме горди на ова достигнување“, рече Мајкл Бауер, шеф на производство во погонот.

Германската фабрика е една од ретките во светот што ја склопуваат Mercedes С Класа денес и покрај фактот дека Кина е најголемиот пазар со секој трет продаден примерок.

Преземено од Avtoplus.mk