Волците од Wall Street укажуваат на топ сектори кои се отпорни на криза, но и кои тонат

122

На тргувањето на Wall Street во вторникот беше забележан пораст на најважните индекси, при што Dow Jones за повеќе од 500 бодови, благодарение на зголемениот интерес за акциите од енергетските компании, додека инвеститорите се подготвуваат за една од најлошите сезонски објави на квартални корпоративни заработки од 2008 година.

Dow Jones индексот порасна за 557,51 бод или 2,14 % и сега изнесува 26.643 бодови, додека Ѕ&P 500 зајакна за 1,4 % и се искачи на 3.197 бодови, а Nasdaq забележа раст оа 0,94 % и достигна 10.488 бодови.

Меѓу секторските индекси, најмногу пораснаа енергетските, индустриските, суровинските, здравствените, како и секторот потрошувачка.

Банкарскиот сектор вчера забележа загуба, откако трите големи американски банки, JP Morgan, Wells Fargo и Citigroup, соопштија дека резервирале вкупно 28 милијарди долари за потенцијални лоши заеми за своите клиенти погодени од пандемијата од коронавирусот, пренесува Seebiz.

На европските берзи ослабнаа најголем дел од најважните индекси. Франкфуртскиот DAX за 0,8%, на 12.696 поени и Парискиот CAC за 0,96 %, на 5.007 поени. Индексот за тргување во лондонски FTSE заврши со слаб плус од 0,06 %, на 6.179 поени.

Фото: Pixabay