Volkswagen го претстави освежениот Polo GTI

90

Германски Volkswagen го претстави Polo GTI за 2021 година, само два месеци по премиерата на останатите фејслифт верзии на субкомпактниот хечбек.

Volkswagen подготви GTI третман за освежениот Polo, a моделот пристигнува со исти стилски промени како и стандардните модели кои придонесуваат малиот Polo неодоливо да потсетува на својот постар „брат“ Golf. Ова значи дека новиот Polo GTI добива нови предни и задни светлосни групации. На предниот дел се наоѓаат новите IQ.Light LED Matrix фарови и осветлена предна решетка. На задниот дел се наоѓа новиот графички приказ на светлата, заедно со динамичните показатели за насока и “анимирано стоп светло“.

Меѓу останатите визуелни промени се и ревидираните GTI браници, како и неколку GTI беџови кои се наоѓаат на екстериерот, вклучително и на задниот дел, односно на задната врата каде наместо натписот Polo, се наоѓа токму ваков беџ. На предниот дел, карактеристичната црвена линија на GTI на решетката која се претопува во предните светла и понатаму е присутна.

Под хаубата работите остануваат практично исти, со 2,0-литарскиот четирицилиндерски турбо мотор кој испорачува 207 КС и 320 Nm максимален вртежен момент, исто како и досегашниот GTI модел, кој ги придвижува предните тркала. Ова е доволно за спринтот од нула до “стотка“ да се достигне за 6,5 секунди и максимална брзина од 240 километри на час.

Очекувано, Polo GTI за 2021 моделската година пристигнува со спуштен систем на потпирање и електронски диференцијал. Како опција се нуди и Sport Select суспензијата на Volkswagen која може да го зацврсти возењето заедно со стандардните профили за избор на режими, кои се грижат за управувањето, респонзивноста на моторот и менувањата на брзините. Менувачот останува седумстепен DSG со двојна спојка.

Унапредена технологија во внатрешноста

Освежениот Volkswagen Polo GTI го задржува изгледот во внатрешноста и нуди опционални спортски седишта. Тримот на контролната табла сега е финиширан во сјајно црвена боја заедно со повеќе мат-хромирани акценти. Најголемата промена сепак е вклучувањето на новиот инфозабавен систем на Volkswagen со 8,0-инчен екран на допир со висока резолуција како стандард. Купувачите ќе можат да го изберат поголемиот 9,2-инчен Discover Pro систем, додека новите карактеристики на ревидираниот систем вклучуваат пристап до стриминг услуги, како и безжична интеграција на Android Auto и Apple CarPlay.

За првпат, Polo GTI добива и делумно автономни возачки одлики благодарение на VW IQ.Drive, благодарение на кој се добиваат голем број опции, вклучително предвидлив адаптивен темпомат, асистенција за коловозната лента, радар и многу повеќе. Сепак, Volkswagen се уште нема детали за достапноста и цените, но новиот Polo GTI треба да се појави во продажните салони во претстојните месеци.

Преземено од Avtoplus.mk