Volkswagen ќе инвестира 20 милијарди евра во батерии за електрични автомобили

14

pexels-photo-704557

Фото: Pexels

Volkswagen ќе одвои 20 милијарди евра за да обезбеди технологија наменета за електрични возила во Европа и Кина, пренесува Reuters.

Најголемиот европски производител на автомобили ќе го прошири своето производство со уште 16 фабрики ширум светот до крајот на 2022 година. VW има за цел да произведе 80 нови електрични автомобили до 2025 година и да понуди електрична верзија на секој од своите 300 модели до 2030 година.

VW минатата година почна да бара партнери во Кина, Европа и Северна Америка за да обезбеди технологија за батерии во вредност од повеќе од 50 милијарди евра.

Намерата на компанијата е да придонесе за поздрава животна средина како и останатите производители што веќе работат на случајот.