Volkswagen отвора фабрика во турскиот град Маниса

43

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen ги постави темелите на својот нов производствен погон, а за локација е одбрана провинцијата Маниса во Турција.

Претходно компанијата се двоумеше околу локацијата на фабриката, пред да биде донесена конечната одлука, пишува Daily Sabah.

Името на новата фабрика ќе биде Volkswagen Turkey Otomotiv Sanayi ve Ticaret A.S., а истата беше основана со капитал од 943,5 милиони турски лири или 164,46 милиони долари.

Новиот објект во Маниса ќе биде “задолжен“ за дизајнирање, производство, составување, продажба, увоз и извоз на автомобили, камиони и сите видови на моторни и транспортни возила заедно со нивните делови.

Планирано е годишно да бидат произведени 300.000 автомобили, како VW Passat и Skoda Superb, коишто ќе бидат наменети за извоз на пазарите во Источна Европа.

Новата фабрика ќе вработи 4.000 работници од Маниса, а производството е закажано за 2022 година.

Фото: Pixabay