Volkswagen: Роботи ќе ги полнат електричните возила во јавни гаражи

18

Германскиот производител на автомобили Volkswagen објави видео на коешто го прикажува новиот концепт за полнење на електрични возила во јавни гаражи.

За полнење на електричните автомобили, за коишто се очекува да станат сè поприсутни на улиците во светот, ќе бидат задолжени автономни роботи. Кога возачот ќе го паркира автомобилот, преку мобилна апликација може да побара полнач. Задача на роботот ќе биде да најде батерија и да ја повре се автомобилот. Роботот, исто така, може да манипулира и да транспортира по неколку батерии.

Ова решение може да го олесни процесот на инсталирање полначи во гаражи бидејќи целата работа ја извршува роботот, наместо да се местат инсталации до сите паркинг места.