Volkswagen стана највредна компанија во Германија

73

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen ја надмина софтверската компанија SAP и стана компанија со највисока пазарна капитализација во Германија.

Приоритетните акции на Volkswagen пораснаа за 11% и со тоа пазарната капитализација на компанијата порасна на 140 милијарди евра. Пазарната капитализација на ЅАР изнесуваше 127 милијарди евра.

Обичните акции на Volkswagen од почетокот на годината пораснаа за 80%, додека приоритетните пораснаа за повеќе од 50%.

Според аналитичарите, причина за овој раст е големиот оптимизам на инвеститорите поврзани со амбициите на германскиот гигант со електрични автомобили.

Германскиот производител на автомобили објави дека во Европа ќе изгради шест фабрики за батерии до 2030 година, за да ги исполнат условите за масовно производство на електрични возила.

До 2023 година компанијата сака да развие нова стандардизирана батерија и така да ги намали трошоците за производство на батерии во сопствени погони.

Фото: Pexels