Volkswagen укинува една смена и привремено замрзнува вработувања во финансискиот оддел

22

vw avtomobili

Германскиот производител на автомобили Volkswagen укина една смена неделно во фабриката во Германија и привремено ги замрзна вработувањата во секторот за финансии, пишува ABC news.

Замрзнување на вработувањата во секторот финансиски услуги на Volkswagen, којшто се занимава со кредити за купување на автомобили и лизинг, како што се наведува, ќе биде на сила до крајот на оваа година.

Volkswagen во својата фабрика за производство на мотори во Салцгитер укина една смена неделно, којашто претходно беше воведена за да се задоволи тогашната зголемена побарувачка.

Според тамошниот менаџмент, овие две одлуки се донесени поради претпазливост од скандалот којшто ја потресе автомобилската компанија минатата недела.