Vollo – платформа за онлајн купување автобуски карти

53

vollo-fb

Фото: Facebook

Тим млади иноватори, со потекло од Босна и Херцеговина, ја создадоа интернет платформата Vollo за онлајн купување автобуски карти, пишува Глас Српске.

Оваа платформа веќе е присутна на хрватскиот пазар, а сега се шири и на просторот на Република Српска и Босна и Херцеговина.

“Vollo, којшто е составен од интернет страница и мобилна апликација, има за цел на патниците да им пружи транспарентност при изборот на рутата, времето и траењето на патувањето, но и информации дали превозникот има Wi – Fi, приклучок за струја, дали се наплаќа дополнителниот багаж и слично“, вели Нела Баричевиќ, член на тимот на Vollo.

Овој старт – ап соработува со автобуските превозници за да им овозможи на корисниците преглед на сите опции, ажурирани податоци, цени и распоред на возење. Преку Vollo, може да се анализираат над 70.000 дестинации во 20 земји во светот.

Корисниците на увид ги имаат сите опции за патување до посакуваната дестинација, лесно може да платат со својата картичка и картата ја добиваат на мобилниот уред.

Vollo минатата година доби посебна награда од 5.000 евра од Град Загреб во рамки на дводневната конференција на бизнис ангели во Европа, EBAN Winter University 2016.