Волстрит порасна и покрај зајакнувањето на инфлацијата

60

На Волстрит цените на акциите вчера пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваат дека зајакнувањето на инфлаторните притисоци не е толку силно што американската централна банка повторно ќе ги зголеми каматните стапки во септември.

Dow Jones зајакна 0,96 отсто, на 34.907 поени, додека S&P 500 порасна за 0,84 отсто, на 4.505 поени, а индексот Nasdaq 0,81 отсто, на 13.926 поени.

Најголемата светска економија би можела да избегне рецесија
Вчерашниот извештај покажа дека цените на производителите во САД пораснале повеќе од очекуваното во август, за 0,7 отсто на месечно и 1,6 отсто на годишно ниво. Овие податоци, како и оние објавени претходниот ден за растот на потрошувачките цени, покажаа дека инфлациските притисоци донекаде зајакнаа во август.

Сепак, тоа не ги вознемири инвеститорите, бидејќи на пазарот преовладуваше теоријата дека не се работи за толку силно зголемување на инфлацијата што американската централна банка веќе во септември би ги зголемила каматните стапки. Дополнително, другите макроекономски податоци, како што се растот на потрошувачката на мало и благото зголемување на бројот на барања за надоместоци за невработеност, покажаа дека најголемата светска економија може да избегне рецесија.

„Денешните економски податоци потврдија дека економијата е на пат кон „меко приземјување“ и дека не е толку силно што ФЕД ќе мора да ги зголеми каматните стапки уште неколку пати“, објаснува Рос Мејфилд, аналитичар во компанијата Baird.