Volterman, паричник со вградена камера што ги фотографира крадците

32

paricnik

Фото:  Indiegogo

Старт – ап од Ерменија разви паметен паричник којшто го обезбедува и го олеснува наоѓањето во случај на кражба. Volterman паричникот има вградено GPS, подржува 3G мрежа и може да послужи како hotspot, а има и RFID заштита.

Ако сопственикот го заборави паричникот се вклучува аларм на паметниот телефон и обратно, паричникот алармира кога ќе го заборави телефонот. Паметниот паричник има вградено камера и кога е изгубен ги фотографира сите кои се наоѓаат во негова непосредна близина.

Volterman може да се полни безжично, а ако паметниот телефон не поддржува безжично полнење, постои алтернатива на полнење со кабел.

Сопственикот може, исто така, да го користи и како будилник. Поставен е на платформата за групно финансирање Indiegogo, каде треба да собере 45.000 долари. До крајот на кампањата има уште еден месец, а паричникот има собрано 284.748 долари.