Volvo го претстави XC40 recharge – првиот целосно електричен модел

23

Како една од мерките за намалување на загадувањето, шведскиот автомобилски бренд Volvo го претстави својот прв целосно електричен модел, пишува CNN.

Станува збор за моделот XC40 recharge, којшто со едно полнење може да помине околу 400 километри. Батеријата може да се наполни за помалку од осум часа на домашен полнач.

Возилото ќе го придвижуваат два електрични мотори, а е создаде на истата флексибилна CMA платформа, како и класичниот модел.

Се очекува овој модел на електричен автомобил да се најде меѓу своите сопственици на крајот на следната година.