Volvo од следната година воведува услуга за изнајмување на автомобили

43

Волво го претстави М, нов бренд од нивната услуга за изнајмување на автомобили, што следната година ќе дебитира во Шведска и САД, пишува TNW.

Шведскиот производител изјави дека М ќе биде поддржан од специјална апликација којашто наместо само да ги информира корисниците каде може да изнајмат автомобил. ќе ги прашува што точно им треба.

Volvo за оваа цел работи заедно со Sunfleet, компанија за изнајмување на автомобили во Шведска којашто постои веќе 20 години.

Со ова Volvo е последната компанија којашто им се приклучува на на останатите производители на автомобили – Ford и GM со своите соодветни платформи се веќе дел од овој бизнис. Освен тоа Volkswagen и Renault исто така најавија дека од септември ќе започнат со изнајмување на нивните електрични возила.

Фото: Pixabay