Милијардерот Ворен Бафет одлучи да излезе од новинскиот бизнис. Бафет ќе ги продаде сите изданија на Berkshire Hathaway за 140 милиони долари на компанијата Lee Enterprises.
Бафет, кој е љубител на весници целиот живот, веќе неколку години претскажува дека повеќето од нив ќе згаснат, освен неколку весници како New York Times и Wall Street Journal.
Договорот опфаќа 30 дневни весници во 10 земји, како и 49 неделни весници со дигитални претплати и 32 други печатени медиуми. Се очекува договорот да биде заклучен кон средината на март.
Фото: Pexels