Воведуваат загарантирана пензија за лицата без стаж

86

Сите граѓани на Србија кои од различни причини немале можност да ги исполнат условите и со тоа да стекнат ниту еден вид пензија, наскоро би можеле да добијат таканаречена гарантирана пензија. Тоа би бил еден вид социјален издаток за граѓаните во износ од околу 12.000 српски динари (околу 100 евра).

Дали и под кои услови овој предлог би бил прифатен во Србија уште не е познато. Како еден од условите се наведува не поседувањето никаков имот, ниту приходи, како и тоа потенцијалните пензионери да бидат корисници на било каков вид социјална помош.

Во српското министерство за труд, од друга страна, сметаат дека постоечкиот начин на заштита на минималниот стандард на постарото население во целост бил прилагоден на условите и потребите.

Предлогот не би ги опфатил сите постари лица кои се надвор од пензискиот систем, туку само оние граѓани кои немаат услови за пензија.

Национална пензија во овој момент има во околу 100 земји во светот и е еден од основните механизми за заштита на постарото население од сиромаштија. Некаде се како само дополна, додека во другите земји служат како обезбедување минимален доход за во пензионерските денови.

Некои земји проблемот го решиле со воведување на таканаречена таргетирана пензија, како во Финска, којашто се доделува врз основа на престој, додека во Швредска постои гарантирана пензија. Таа им се доделува на оние лица кои не ги исполниле условите од пензиското осигурување, додека во Германија постои програма за социјална помош достапна за целото население.

Фото: Pexels