Вработени во Google не смеат ни со родителите да разговараат за плата

70

Вработените во Google, кои не се трајно вработени и кои сочинуваат повеќе од половина од вкупната работна сила на технолошкиот гигант, велат дека договори за доверливост забрануваат каква било дискусија за деловната активност на компанијата, дури и со нивните родители, пишува CNBC.

Апелациониот суд во Калифорнија неодамна ги обвини Google и Аdecco за кршење на голем број закони за работни односи во Калифорнија, како и за барање од нивните вработени да потпишат обемни договори за доверливост. Adecco е компанија којашто Google ја ангажира за пронаоѓање на работници.

Привремено ангажираните работници, добавувачи и изведувачи кои немаат исти бенефиции како постојано вработените работници, наведуваат дека им е забрането правото на слобода на говор и дека, меѓу другото, не можат да зборуваат за висината на нивниот приход, условите за работа или нивните колеги, стои во судските документи.

Тие исто така изјавија дека не можат да разговараат за вештините што ги стекнале додека работеле за Google ако бараат работа кај конкурент, како и дека не смеат да препорачуваат колеги кои би можеле да ја прифатат понудата на конкурентска компанија.

Обвинителите тврдат дека Adecco има незаконска политика што забранува привремени работници сместени во Google да работат директно за Google, без нивно одобрување.

Новата тужба се спроведува една година откако Google постигна договор со Националниот oдбор за работни односи на САД, кој и наложи на компанијата да објави список со правата на вработените во своите канцеларии.

Фото: Freepik