Вработените во Германија имаат нова обврска – ќе ги погоди сите работници

176

Според одлуката на германскиот Сојузен суд за труд (BAG), во земјата е воведена обврска за евиденција на работното време.

Според германскиот закон за работно време, досега требаше да се документира само прекувремената и неделната работа, а не целото работно време.

Одлуката на BAG е предмет на жестока дебата во коалициската влада Семафор и меѓу експертите за трудово право.

Претседателката на највисокиот германски суд за труд, Инкен Галнер, ја оправда обврската на работодавачите систематски да го евидентираат работното време на своите вработени.

Во Ерфурт, претседателот на највисокиот германски суд за труд, Инкен Галнер, ја оправда обврската на работодавачите систематски да го евидентираат работното време на своите вработени.

Експертите очекуваат пресудата на BAG да има далекусежни последици за моделите на работно време засновани на доверба кои се практикуваат во бизнисот и администрацијата, особено што се однесува на работа од дома.

Инкен Галнер, се повика на дел од Законот за заштита на трудот кој ги обврзува работодавците да воведат систем кој може да ги евидентира часовите одработени од работникот.

– Доколку германскиот Закон за заштита на здравјето и безбедноста при работа го толкувате според одредбите на Европскиот суд на правдата, тогаш веќе постои обврска за евидентирање на работното време – рече Галнер.