Вредноста на биткоинот повторно се зголемува

47

Вредноста на биткоинот повторно се зголемува утрово, па околу 8.30 часот се тргуваше по цена од 58.500 долари.

Така, во изминатите 24 часа цената на дигиталната монета забележа скок од 4%.

Во текот на вчерашниот ден, вредноста се движеше помеѓу 54.000 и 59.000 долари, што го приближи до рекордот од 61.500 долари.

Една од причините за новиот скок на биткоинот може да биде обновување на интересот на големите инвеститори за инвестирање во криптовалута.

Фото: Pixabay