Вредноста на DOGE скокна повеќе од 20%: Причина – повторно Маск

Цената на криптовалутата Dogecoin денеска се зголеми за повеќе од 20 отсто. Причината е, повторно, Илон Маск.

Имено, извршниот директор на Tesla најави дека со оваа криптовалута ќе може да се купуваат некои стоки произведени од компанијата.

„Tesla ќе овозможи купување на некои стоки со помош на DOGE, па ќе видиме како ќе биде“, напиша Маск во твитот.

Маск е познат по тоа што отворено ја поддржуваше оваа криптовалута во минатото. Тој, исто така, претходно рече дека „има повеќе смисла“ луѓето да купуваат онлајн со помош на Dogecoin отколку со помош на некои други криптовалути, како што е биткоинот.

Вредноста на DOGE се зголеми за 23,20 отсто, на 0,1951 долар, објави Teletrader.