Вредноста на криптовалутата Ripple скокна за 73 отсто по важна пресуда во Њујорк

87

Вредноста на криптовалутата Ripple скокна за 73 отсто по важната одлука на судот во Њујорк, кој пресуди дека Ripple не претставува хартија од вредност.

Оваа пресуда многумина ја сметаат за преседан во спорот меѓу Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) и дел од крипто заедницата, пренесува Ројтерс.

Другите криптовалути, исто така, позитивно реагираа на пресудата.

„Инвеститорите во криптовалутата Ripple очекуваа нешто појасна регулаторна ситуација и се чини дека судската одлука им го даде токму тоа“, рече шефот за развој на бизнисот за Азија  во компанијата Kирок, Џастин де Анетан.