Време или пари – што е поголем приоритет?

49

Немам сега време за тоа или немам доволно пари за да го купам тоа. Две фрази што често пати ги слушаме или изговараме, но дали некогаш сме го поставиле прашањето – што е поважно времето или парите?

Некои ќе речат дека времето е поважно, други ќе се одлучат за пари, трети за нешто сосема друго… Како и да, имајќи предвид дека живееме во динамично и материјално време, важно е да знаеме што во кој момент е поважно.

Едно опсежно истражување покажува дека луѓето кои повеќе го ценат времето од потрагата по пари имаат посреќен живот. На 4.600 испитаници им било поставено прашањето дали би платиле поголема кирија за стан во близина на работното место или пониска, а да мора да патуваат подолго до работа. Повеќе од половина од испитаниците му дале предност на времето одошто на парите, а во исто време се покажало дека се посреќни оние луѓе кои повеќе го ценат времето од парите.

Затоа, важно е да го цените сопственото и времето на луѓето со кои работите. На тој начин ќе успеете да го извлечете максимумот од себе, ќе работите напорно, ќе постигнете повеќе и резултатите ќе бидат евидентни. Клучно е да се разбере фактот дека парите треба да се користат за да се создаде повеќе слободно време, во коешто ќе уживате, ќе размислувате за работи што ви се важни во животот и тоа ќе се рефлектира и врз професионалниот живот. Се прашувате како? Ќе бидете подготвени да прифатите поголеми ризици, ќе имате инспирација и ново идеи, ќе бидете полни со елан и енергија и ќе постигнете голем успех.