Времеплов: Како изгледаа канцелариите без компјутери?

59

Помладите генерации можеби не ни можат да замислат, но припадниците на постарите генерации и те како можат да се сетат на нивните работни места без компјутери. Денес не може да се замисли било која работа без употреба на компјутер, па голем дел од материјалите за работа, што некогаш зафаќале многу простор, денес постојат само во електронска форма. Но, за да се дојде до таа точка, требало да помине доста време.

Без разлика на професијата со којашто се занимавате, дали можете да го замислите своето работење без компјутер (директно или индиректно)? На пример, имате свое сметководствено биро и водите сметководство на 100-тина компании од Скопје. Наместо да сте пренатрупани со купишта документи, со помош на компјутерите, вашата канцеларија изгледа поуредно и поорганизирано. Факт е дека хартиените документи не се целосно “потонати“ во заборав, бидејќи вашите клиенти мора да ви доставуваат документи за да можете вие да го прокнижите и процесирате сите потребни податоци и информации. Но, не сте потрупани со хартии и класери, како што можеби така изгледало некое сметководствено биро пред неколку децении.

Погледнувајќи кон историјата, во 30-тите години од минатиот век, само во одредени делови од владата на САД се користеле компјутери и тоа за спроведување попис на населението и изработка на стратегија за одбрана на земјата. Но, тие воопшто не наликувале на оние компјутери што денес ги има во модерните канцеларии. Веќе во 1975 година, започнала нова ера во информатичките системи што влијаеле на моделирање на нов правец во којшто се движи работната сила во 21-от век.

Местото на коешто “електронскиот мозок“ на компјутерите за прв пат зазема удобна позиција беше продавница за чај во Велика Британија. Човекот кој застана зад тој компјутер за комерцијална употреба беше Џон Симонс, математичар од Кембриџ. “Монструмот“ што го создаде го доби името LEO – Lyons Electronic Office.

Останатото е веќе класика. Компјутерите и информатичките технологии го поврзаа светот, му дадоа можност да комуницира во реално време, да процесира огромен број на податоци со неверојатна брзина. И покрај последиците што ги чувствуваме додека работиме пред компјутер, треба да бидеме свесни за своето здравје, но и за придобивките и олеснувањето при работата.

Фото: Pexels